Курсат Јилдирим од Дортмунд е новопечен милионер кој бара жена!
Верувале или не, Курсат имал навистина среќа – на 24 септември добил 10 милиони евра на лотo. Секако, веднаш дал отказ и купил луди автомобили, па на социјалните мрежи веќе може да се види дека се пофалил со машини кои вредат 450 и 250 илјади евра, „ферари“ и „порше“.
Курсат откри дека игра лото веќе 15 години и дека без разлика на освоената сума, планира да продолжи да игра игри на среќа. На прашањето зошто купува толку скапи автомобили, тој одговорил:
View this post on Instagram
„Поради хејтерите, поради сите љубоморни луѓе. Најдоброто нешто во сè е што тоа може да ги направи луѓето толку среќни. Парите веднаш ги префрлив на моите родители и брат.”
Сепак, нешто сè уште недостасува: љубовта. Решил да бара жена, а се надева дека медиумите ќе му ја олеснат потрагата.
„Ве молам во вашата приказна нагласете дека сум соло. Таа може да биде русокоса или бринета, не ми е гајле“, рекол тој во интервјуто и нагласил дека сака да се заљуби во некоја со која ќе го пропатува целиот свет. Странските медиуми направија посебен мејл за пријавување, а како што беше нагласено, досега не виделе толку голем интерес. Понудите се слеваат од сите страни, а Курсат вели дека е многу внимателен кога се во прашање жените и парите.
“Ми треба жена на која ќе можам да и верувам што и да се случи. Можам многу добро да се грижам за себе. Ги презедов сите неопходни мерки. Парите се во сигурни раце”, рекол милионерот и истакнал дека е свесен дека сега многу луѓе ќе излегуваат со него од чиста корист.
View this post on Instagram
“Одеднаш сите се твои пријатели. Луѓе, со кои не сум се слушнал со години, одеднаш почнаа да ми се јавуваат и да бараат пари од ведро небо. Не ми е жал што ја објавив добивката на социјалните мрежи. Сите треба да знаат, затоа што 90 проценти од нив се љубоморни и мислат дека не го заслужувам тоа. Сепак, не ми е гајле. Никогаш нема да заборавам од каде дојдов. Јас сум од работничката класа. Никогаш нема да станам арогантна личност, ” тој рекол.
Додека не ја најде вистинската жена, Курсат планира да оди во Африка за да им помогне на сиромашните деца. Тој откри дека се молел на Бога да направи нешто добро за него и како што вели, сега сака да возврати.
Дами, доколку ви се допаѓа Курсат, слободно побарајте го на социјалните мрежи!
Извор: Мондо.рс
Фото: Инстаграм