Млад човек денеска е уапсен затоа што со јајца ги гаѓал британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила при нивната прошетка во Северна Англија.
Тоа се случило во Јорк. Момчето, пред да интервенира полицијата, фрлило три јајца врз брачниот пар, но не ги погодил. Притоа, како што пренесува „Гардијан“, тој извикал: „Оваа земја е изградена со крвта на робовите!“
Потоа четворица полицајци го собориле на земја и го привеле, а луѓето од толпата викале: „Боже, чувај го кралот!“ и „Срам да ти е!“.
Eggs have been thrown at King Charles during a visit to York. A man has been detained at the scene.
More here: https://t.co/WKu3To3sB2 pic.twitter.com/BTyqeumSiz
— ITV News Calendar (@itvcalendar) November 9, 2022
Чарлс дојде на кралскиот престол во септември по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Деновиве тој е на дводневна турнеја низ Северна Англија, па со кралицата Камила се во Јорк за да присуствуваат на откривањето на статуа на неодамна починатата кралица. Тоа ќе биде прва статуа со нејзиниот лик поставена по нејзината смрт.
МИА