Момче (24) од Куманово е еден од повредените на Шар Планина, повредени се и двајца припадници на МВР – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/22 1:52 PM

Момче (24) од Куманово е еден од повредените на Шар Планина, повредени се и двајца припадници на МВР

Во врска со планинарите, од кои едниот е повреден, а другиот почина се огласи и МВР.

-Вчера (8 ноември) во 17 часот и 30 минути преку ЦУК-Тетово во СВР Тетово, Ф.Н.(24) од Куманово пријавил дека движејќи се со уште едно лице, негов пријател, кон Титов Врв, околу половина километар пред да се искачат, другото лице паднало од карпа во бездна и се повредило, но дека поради непристапниот терен и маглата Ф.Н. не можел да види за какви повреди станува збор и практично да му помогне, информираат од МВР и додаваат:

-Набргу по пријавувањето беше организирана спасувачка потрага по двете лица во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово и други лица, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место. По извесно време спасувачките екипи го пронашле Ф.Н. и го пренеле во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, a двајца припадници на МВР се повредиле во акцијата. Второто лице денеска (9 ноември) претпладне беше пронајдено починато и со хеликоптер на МВР беше извлечено од местото каде паднало вчера. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршија увид и се расчистува и документира случајот, велат од МВР.