(Видео) „На другар ми му се слоши, се лизна и падна во бездна“ – Како се спасувале планинарите, а потоа и старешината на Шар Планина – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/22 12:19 PM

(Видео) „На другар ми му се слоши, се лизна и падна во бездна“ – Како се спасувале планинарите, а потоа и старешината на Шар Планина

Дирекно од местото на настанот директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се обиде да ја објасни спасувачката акција на двајцата планинари на Шар Планина, која трае од вчера вечерта.

Ангелов вели дека повикот за помош го добиле вчера околу 17 часот на бројот 112. Стасала пријава од лице, кое заедно со својот пријател планинар , планинареле меѓу врвот Бакардан и Титов Врв.

Меѓутоа, лицата не успеале да се симнат, се стемнило и се изгубиле, па затоа и побарале помош. ЦУК веднаш ги известил МВР,  ДЗС Итна помош и противпожарната единица од Тетово и полицијата, кои се упатиле на местото.

 

-Но, по половина час подоцна повторно се јавил едниот планинар и пријавил дека неговиот другар му се слошило, се лизнал и паднал во некоја бездна, но не знаел да објасни колкава е бездната. Трагајќи по нив видовме дека е длабока над 700 метри. Поради сеозноста на ситуацијата дополнително МВР ги ангажираше специјалците од ЕБР.  Место каде пристигнале екипите за помош е со снег, лизгаво и е замрзнато.

 

Припадниците на ЕБР се обиделе да лоцираат каде е повредениот, притоа старешината од ЕБР во обид да го пронајде се лизнал и летнал во провалијата. Припадниците на ЕБР се обиделе да стапат во контакт и со повредениот планинар, а подоцна и со нивниот старешина. Подоцна старешината се јавил, кажал дека е повреден и дека не знае каде се наоѓа. Ова место е стрмно и се обиделе да спуштат јажиња за да се спуштат сите, но јажињата не помогнале, бидејќи биле долги 300 метри. Алпинистот Надир се одлучил со опремата да се спушти сам, вели Ангелов и додава:

-Спуштајки се прво налетал на планинарот, кој имал повреди и бил без свест. Надир не му го почувствувал и пулсот. Но, во тоа време го слушнал старешината како повикува за помош. Надир се насочил кон старешината и благодарејќи на сијаличката го пронашол. Со повреди и надчовечки напори се упатиле кон Горна Лепшница. Првото лице, кое било повредено е извлечено со хелихоптер, вели Ангелов.

Ангелов вели дека поради маглатахелихоптерите не можеле веднаш да полетаат од Скопје, па се чекало да се подигне.

-Кога дојде хелгоптерот Надир помогна да се лоцира планинарот. Хелохоптерот слета, специјалците го качија во хелихоптерот. Планинарот не давал знаци на живот и е однесен  во Тетово, каде го пречекале лекарите, но за жал, контатирале дека е починат, рече Ангелов.

Тој напомена и дека и началникот од Тетово се лизнал набргу по старешината но за среќа успеал да се задржи за некоја од карпите неколку метри и сега е во добра здравствена состојба.