(Видео) Љубовникот ја пријавил за исчезната по 20 часа! Која е турската милонерка која мистериозно падна од крузер – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/22 7:00 PM

(Видео) Љубовникот ја пријавил за исчезната по 20 часа! Која е турската милонерка која мистериозно падна од крузер

На 26 октомври мистериозно почина Дилек Ертек (71), жената која обожавала накит и била претставничка на империјата на скапиот накит “Tiffany & Co” за Турција.

Како што пренесуваат странските медиуми, оваа богаташка паднала од бродот за крстарење    “Norwegian Spirit” во океанот на брегот на Тахити. Сепак, начинот на кој таа починала е под се поголем сомнеж.

Дилек Ертек е родена во Истанбул и важела за една од најуспешните жени во светот. Студирала архитектура на Универзитетот за ликовни уметности „Мимар Синан“. Потоа ја продолжила својата професионална обука на Гемолошкиот институт на Америка, во Њујорк, каде студирала дијаманти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Her Gün 1 Yer📍 (@hergun1yer)


Ертек ја отворила првата продавница „Тифани и Ко“ во Истанбул во 1995 година, работејќи како нивен дистрибутер речиси три децении.

Таа се омажила за бизнисменот Хусеин Јалчинкаја во 1982 година, но парот се разведе во 2004 година. Дилек го има синот Гокче Атук, кој работи како генерален директор во “Tiffany & Co” .
Ертек се качила на бродот за крстарење на 24 октомври на островот Папете, Француска Полинезија. Својот 72 роденден планирала да го прослави во Бора Бора на 5 ноември. Крстарењето се очекувало да заврши во Хонолулу, Хаваи.

Се верува дека Дилек Ертек паднала од балконот на нејзината кабина во раните утрински часови, нејзиното тело се уште не е пронајдено. На снимката од CCTV  се гледа како таа паѓа околу 3 часот по полноќ, но нејзиното 74-годишно момче, кое исто така се наоѓало на бродот за крстарење, не пријавило дека е исчезната цели 20 часа, објавија локалните медиуми.

Откако дознал што се случило кобната ноќ, бродот се вратил до најблиското пристаниште – островот Папете, Тахити.

Експертите се збунети како жена која е висока само 157 сантиметри, а која никогаш не пиела алкохол, паднала преку оградата од својата кабина висока повеќе од еден метар.
Партнерот на Дилек бил чуван во посебна кабина додека бродот не се закотвил на Тахити три дена подоцна. Откако се договорил, бил сослушан во полиција, но подоцна поради недостиг на докази бил пуштен и подоцна е вратен во Швајцарија, чиј државјанин е.

И синот на Ертек тврди дека недостига накит од сефот, кој се наоѓал во собата во која мајка му престојувала на крстарењето. Поради оваа причина тој побарал полицијата дополнително да го испита Швајцарецот, кој патувал со неа.

– Под претпоставка дека Дилек Ханим и нејзиниот љубовник биле во иста кабини, мислам дека е многу сомнително што не се известува за состојбата на исчезнатите. Затоа што на бродовите за крстарење често се организираат секојдневни активности и забава и сите се во контакт меѓу себе – изјавил еден од вработените на бродот за турски „Сабах“, а капетанот на бродот Мустафа Чан додал:

– Тешко е да се падне од ваков тип на патнички брод за крстарење.

Иако телото не е пронајдено, потрагата по Дилек Ертек е прекината – тешко дека ќе биде пронајдено на отворен океан поради огромната големина на Јужниот Пацифик.

Тврдењата дека накитот бил украден од сефот на Ертек исто така предизвикуваат сомнеж дали нејзината смрт била несреќен случај.