Откако станаа популарни пред дваесетина години, УГГ чизмите станаа дел од речиси сечиј стајлинг и секоја зимска сезона се враќаат во ново руво.
И понатаму во фокусот е мини верзијата која од минатата есен редовно ја гледаме на нозете на многу трендсетерки, а ваквите обувки сега добија и нов детаљ – платформа.
View this post on Instagram
Без разлика што на многу луѓе не им се допаѓа ваквиот дизајн, оние кои ги носат тврдат дека нема други обувки кои се толку топли и удобни. Веројатно својата популарност им ја „должат“ токму на практичноста и удобноста.
Од друга страна, најновиот модел со платформа од 5 сантиметри веќе го носат мнгу славни личности меѓу кои и Бела Хадид и Елса Хоск. Овој модел на чизми стана популарен и кај нас и во земјите од регионот. Се чини дека и оваа зима многу дами нема да се откажат од својот пар иако љубителите на елеганцијата и класиката ги критикуваат, а според некои мажи, ова се најгрдите обувки.
Извор: stil.kurir.rs