(Видео) Кое од кое поскапо! Меланија на гласање во аутфит од илјадници долари – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/22 10:51 AM

(Видео) Кое од кое поскапо! Меланија на гласање во аутфит од илјадници долари

Доналд и Меланија Трамп вчера се појавија во Палм Бич за да ја извршат својата граѓанска должност, односно да гласаат на меѓуизборите во Америка.

Меланија важеше за една од најдобро облечените, но кога Доналд ги загуби изборите, се помалку се појавуваше во јавноста.

Затоа вчерашниот стајлинг на поранешната прва дама на Америка наиде на бројни позитивни реакции. Таа за оваа пригода облекла совршен деловен фустан со потпис на Александар Меквин, кој чини 1.980 евра.
Она што го прави интересен овој фустан е неговиот крој, поради што изгледа како здолниште и блуза.
Меланија го комплетирала својот аутфит со кожни салонки “louboutin” , црни очила и црна кожна чанта, пишува телеграф.рс.