Некој повторно си игра со децата! Нови дојави за бомби во две училишта во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/22 10:14 AM

Некој повторно си игра со децата! Нови дојави за бомби во две училишта во Скопје

Нови дојави за поставени бомби денеска има во две училишта во Скопје. Според информации на МИА, едно од училиштата е гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.