(Видео) Тиквички со мелено месо, ручек за половина час – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/22 9:38 AM

(Видео) Тиквички со мелено месо, ручек за половина час

Тиквичките се многу здрав зеленчук кој совршено се комбинира речиси во сите кујни. Еве и предлог за руче за денес:

Потребно:

1 килограм тиквички
4 јајца
4-5 лажици брашно
1/2 прашок за пециво
2 лажици масло,
сол
бибер,
50 грама сирење
Изрендајте ги тиквичките, па додајте ги јајцата, маслото, солта и биберот, сирењето и брашното со прашокот за пециво. Изматете го, па истурете го во плех и печете го околу 15 минути на 200 степени.
Фил:

300 грама мелено месо
150 грама сланина
1 кромид
1 лажица пелети домати
Направете го филот, прелијте го тестото од тиквички, свиткајте го во ролат и посипете со 50 грама сирење или кашкавал. Се пече во рерна на 200 степени околу 15 минути.

Погледнете го видеото: