(Видео) Славески: Имате фотеља, не седете во магарешка клупа! – Арсовска: Господине Хитлер, ситен лопов! – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/22 3:29 PM

(Видео) Славески: Имате фотеља, не седете во магарешка клупа! – Арсовска: Господине Хитлер, ситен лопов!

Денес во Град Скопје се одржа 19тата седница, на која уште на стартот се случи скандал.

Нетрпението меѓу градоначалничката  Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески беше на највисоко ниво.

Откако до денешната седница службите не му го вратија копчето со кое може да го вклучува и исклучува микрофонот на говорницата во пленарната сала на Советот, доколку советниците не се придржуваат на дневниот ред и Деловникот за работат, Славески го зема микрофонот од говорницата и го стави под неговата маса.

По ова избувна жестока расправија меѓу Славески и градоначалничката Арсовска

Тој ја замиоли за обраќање и ја повика со зборивите:

-Овој микрофон ви е на располагање, имате многу поудобвна фотеља од она на која што седите на магарешките клупи назад, рече Славески и додека Арсовска да се обрати, откако и поставија микрофон тој се налути, даде пауза и си стана од местотот. .

На тоа Арсовска му одговори:

-Господине Хитлер! Не сметам дека ви доликува да го правите овој циркус во овој Совет. Прво го кршите Уставот, второ сте ситен лопов и сте човек кој краде. Не е во ред да крадете, рече Арсовска расправајки се со Славевски.

По паузата Славевски се врати, но место седница циркузот продолжи.

Арсовска му се караше, а тој се правеше дека не ја слуша.

-Те молам напуштете ја седницата, и рече Славески.

Но, Арсовска продолжи, а тој, како што рече, ја прекинува седницата заради недолично однесување на Арсовска.

-Вие штетите на градот со вашите политички синдикати, овој деспот нема право да одзема глас, рече Арсовска, која подоцна му повикала полиција на Славески, бидејќи, како што е наведено, го украл микрофонот.

По ова циркузијата во Град Скопје со соопштение се огласи градоначалничката

-Жалиме што скопската јавност уште еднаш беше сведок на самоволието, некултурата и немањето на доволен демократски капацитет на претседавачот на Советот на град Скопје Трајко Славевски.  Во ниту еден случај, Советот не смее да биде оставен во рацете на човек кој нема основни морални и етички прерогативи. Невидено и недозволено е, 45 совентици, претставници на скопјани да бидат заложници на копчето на Трајко Славевски кој денес ја одложи седницата за советнички прашања бидејќи наводно му била одземена можноста да исклучува говорници кога не му се допаѓа нивниот говор. Скопјани не се должни на сопствена штета да трпат последици поради хировите на еден човек кој има една, единствена и основа задача – воведување на едноумие по примерот на неговиот политички ментор – Христијан Мицкоски, се вели во соопштението.

Погледнете колку траеше седницата и што се случуваше: