Актерот Крис Еванс ја доби титулата за најсексапилен маж, која ја доделува магазинот „Пипл“. Тој истакна дека среќните вести ќе ги сподели со својата мајка:
„Мама ќе биде многу среќна. Горда е на сè што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали“, истакна Крис кому оваа титула му избега за „малку“ пред две години.
Јавноста сè уште се сеќава на моментот кога на интернет, актерот објави фотографија од својот полов орган. Набргу потоа тој ја избриша фотографијата и образложи дека се случила грешка кога се обидувал да објави „стори“ на Инстаграм.
Неколку интересни факти за Крис Еванс:
Имал само 16 години кога првпат глумел во филм. Тоа било едукативно видео поврзано со биодиверзитетот.
Неговиот татко е стоматолог, нешто за што Крис е многу благодарен.
„Кога растев имав проблеми со забите, но за среќа татко ми беше стоматолог“, изјави актерот фалејќи се со својата блескаво бела насмевка.
Неговиот помал брат Скот е исто така актер.
Неговата детска љубов е Сандра Булок, а во 2014-та година се зборуваше дека тие се забавуваат.
Мајка му го натерала да ја прифати улогата во филмот „Капетан Америка“.
Извор: stil.kurir.rs