Министерот Османи во посета на Бугарија – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/22 10:01 AM

Министерот Османи во посета на Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во рамки на својата официјална посета на Бугарија ќе оствари средба со својот домаќин, шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, по што ќе се одржат пленарни разговори меѓу двете делегации, јави дописникот на агенцијата МИА од Софија.

По средбата, предвидени се заеднички изјави на Османи и Милков.

Меѓу темите на разговорите се очекува да биде и практичното спроведување на договорите постигнати меѓу двете држави, инфраструктурното поврзување, секторската соработка и македонската интеграција во ЕУ.

Во рамки на работната посета на Софија, министерот Османи ќе оствари средба и со премиерот на Бугарија Галаб Донев.

Шефот на дипломатијата Османи ќе биде се сретне и со лидерите на главните политички партии на 48. Народно собрание на Бугарија, Бојко Борисов – ГЕРБ, Кирил Петков – „Продолжуваме со промената”, Мустафа Карадаи од Движење за права и слободи, Корнелија Нинова од Бугарската социјалистичка партија, Христо Иванов од Демократска Бугарија и Стефан Јанев од „Бугарски подем”. Османи нема да има средба само со Костадин Костадинов од политичката партија „Преродба”.