Неда Украден била бремена од Саша Поповиќ? За бебето што не се родило кажала и баба Ванѓа – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/22 8:00 PM

Неда Украден била бремена од Саша Поповиќ? За бебето што не се родило кажала и баба Ванѓа

Секој што ја прочитал автобиографијата на Неда Украден „Зора jе сванула“ може да каже дека во таа книга има поинтересни и повпечатливи настани за кои со посебни емоции пишувала познатата пејачка, а кои се однесуваат на нејзиниот деловен и приватен живот.

За некои веќе се пишуваше во медиумите, како на пример емотивните партнери на Неда на кои таа им посвети цели поглавја.
Кога станува збор за врската со Саша Поповиќ, таа изјавила дека тие двајцата почнале да се забавуваат во летото 1989 година и дека поминувале многу време заедно, потоа дека често патувале меѓу Сараево и Нови Сад и ја планирале својата заедничка иднина. Неда ја запознала мајката на Саша, Бранка, со која била многу блиска, а нејзиното семејство, мајка и, татко и и ќерката Јелена одлично го прифатиле Поповиќ.

Освен деталите каде се гледале и го поминувале времето, пејачката не открила ништо друго, а очигледно премолчила една многу важна работа во својата автобиографија.

Наводно станува збор за нејзината бременост!

Во средината на 1990 година Неда и Саша Поповиќ дознале дека ќе станат родители, дознава српски Курир од добро упатен извор, но пејачката по неколку месеци имала спонтан абортус. После тоа, тие се уште биле во врска неколку месеци, а раскинувањето следувало на почетокот на 1991 година, кога врската меѓу нив се заладила.

Дека можеби има вистина во ова, се гледа од изјавата што Саша Поповиќ ја дал за српски Курир и другите медиуми на 10 јуни 2021 година на промоцијата на албумот на неговата сопруга Сузана Јовановиќ. Зборувал за пророштвата на баба Ванѓа, која му предвидела многу работи, како што самиот кажал.
– Ванѓа зборуваше српски убаво, разумно. Тогаш таа ми рече: “Ти имаш 37 години, татко ти загинал во сообраќајна несреќа. Мајка ти не пали свеќа за слава, треба да ја предупредиш за тоа. Тој црвен автомобил што си го купил е феноменален и чувај ги тие документи што си ги направил во Виена“. Се онесвестив, од кај го знае сето ова. Таа исто така ми рече: „Групата во која си сега ќе се распадне. За една година нема да постои“. А ние на 20 август 1990 година, имавме 120.000 публика во Софија, бевме на врвот на кариерата – рекол Саша и додал:

-Јас тогаш ја прашувам: „Кажи ми Ванѓа, кога ќе се оженам? Таа ми вели: „Заборави, дефинитивно нема да се жениш во следните шест години“. Се оженив 1998, а Ванѓа умре 1996. И и велам: „Како нема да се женам, девојка ми е трудна, во четврти месец…“ Ванѓа рече: „Ништо, нема ништо од тоа дете.Тоа дете нема да се роди.На петти јануари следната година ќе раскинете“. Не можам да ви кажам за кого станува збор! Се се случи така – изјавил тогаш Поповиќ.

Неда Украден во својата автобиографија на страница 234 наведува дека раскинала со Поповиќ во почетокот на 1991 година.

– Јас и Сале полека се оладивме и ги проретчивме нашите средби. Ситуациите и настаните кои со голема брзина следеа еден по друг не оддалечија уште повеќе. Иако се чинеше дека се е во ред, и на мене и на него ни беше јасно дека јазот меѓу нас е доста голем. Мојот најдобар лек отсекогаш била работата, па дури и на почетокот на таа година во 1991 година, работата поврзана со новиот албум со Хари Мата Хари прилично ме врза за Сараево, целосно ме мобилизираше и го окупираше секој слободен момент. Со концерти и турнеи, кои секогаш беа тука, немав време за дополнителни возбудувања и оптоварувања со приватни проблеми, па релацијата Сараево – Нови Сад некако остана на страна – напиша пејачката.
Новинарите од српски Курир и се јавила на Неда за коментар.

– Ова не е вистина. Го кажав тоа што имав да го кажам, не сакам да го коментирам другото и да навлегувам во некои детали што некој ги измислил. Чувствував дека е моја должност да објавам книга за мојот живот, а не некој друг да пишува за мојот живот работи кои немаат никаква врска со мене. Моментално возам и се што сакав да кажам и откријам стои во книгата – објаснила  пејачката, додека Поповиќ не одговарај на нивните повици.

Извор: Курир.рс