Бебе родено со 8 ембриони во стомакот! Мислеле дека има тумор, а потоа дошле до фрапантен заклучок – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/22 9:00 PM

Бебе родено со 8 ембриони во стомакот! Мислеле дека има тумор, а потоа дошле до фрапантен заклучок

Во Индија е родено девојче со осум ембриони во стомакот – тврат тамошните лекари.

Девојчето е родено во приватна болница во областа Рамгар, државата Џарканд на 10-ти октомври. Нејзините родители наводно ја однеле во блница бидејќи биле загрижени дека има тумор, откако воочиле дека има абнормален оток на стомакот. Лекарите го префрлиле девојчето во детска болница каде направиле скенирање со компјутерска томографија, очекувајќи дека тоа би укажало на евентуалниот тумор.

Тогаш било потврдено дека бебето има fetus in fetu (FIF). Се работи за ретка состојба кога еден или повеќе малформирани фетуси се затворени во телото на нивниот брат или нивната сестра. Во стомакот на девојчето биле пронајдени вкупно 8 неразвиени ембриони. Се верува дека тоа е најголемиот број кој некогаш е пронајден кај новороденче.