Промоција на интегрирани туристички понуди на Осогово и Малешево – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/22 1:25 PM

Промоција на интегрирани туристички понуди на Осогово и Малешево

Комерцијален текст

Интегрираните туристички понуди во Брегалничкиот регион се производ на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – излезна фаза, проект на Владата на Швајцарија, координиран од Фармахем од Скопје.

По прогласувањето на дел од Осоговските планини (2020) и Малешево (2021) за заштитени подрачја, регионот добива нова можност за развој во насока на подобрување на социо-економските услови за живот, во хармонија со природата.

Како дел од компонентата за развој на активен, одржлив, алтернативен и рурален туризам, во рамки на проектот во изминатава година се спроведоа активности за подобрување на туристичката услуга во регионот и внесување на нови како и подобрување на постоечките содржини кои се нудат. Заедно со тур операторите Balkan Prime Tours и Mountain experience беа поддржани 8 различни даватели на услуги од областа на туризам кои нудат автентични активности за туристи, без негативно влијание врз околината.

Заштитените подрачја и нивната околина треба да се развиваат во насока на одржливо користење на природата, зачувување на локалните традиционални обичаи и начин на живот, промоција на убавините кои ги имаат и мотивација за населението кое живее таму да престане да ги следи трендовите на миграција кон урбаните средини или надвор од државата.

Поддржаните иницијативи вклучуваат: работилница за рачно изработен сапун од природни состојки http://mysoap.eu.mk/ во Мојот сапун, посета и престој во Едукативен центар за зачувување на природата во Негрево https://ecnegrevo.mk/ , ранч за коњи и терапија со животни Countryside retreat https://the-countryside-retreat.business.site/ , дегустација и престој на овчарска фарма Агро Чука, часови по традиционална музика во етно-културен центар Алачки во Владимирово, планински велосипедизам на Осогово и Малешево преку здружение на граѓани за развој на заедницата од Берово и хотел Градче и апитерапија на пчеларска фарма Кладенче.

 

Повеќе од 10 години, Владата на Швајцарија преку Програмата за зачувување на природата помага за одржлив развој на Брегалничкиот регион преку спроведување на низа активности поврзани со зачувување и промоција на биолошката разновидност. Повеќе информации за проектот може да се најдат на http://www.bregalnica-ncp.mk/dokumenti/