„Фенстерчино” – Кафе во корнет кое ги освојува туристите во Виена – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/22 11:14 AM

„Фенстерчино” – Кафе во корнет кое ги освојува туристите во Виена

Виена е позната по многу нешта, но се чини, само сладокусците знаат за кафето „Фенстерчино“, со уникатен вкус и со повеќе чоколадо, коешто се служи на невообичаен, но симпатичен начин – во корнет.

Оваа услуга се нуди во кафулето „Фенстер кафѐ” (Fenster cafe), кое според реакциите на интернет, веднаш ги освои туристите.

И посетителите на „Трипедвајзор” (TripAdvisor), велат дека, на пример кафето во корнет вреди „за секој потрошен денар”, а неговата цена инаку е 10 евра, што го прави најскапото кафе во австриската престолнина.

Покрај ова уникатно кафе во корнет, во кафулето може да се најдат и можности за сечиј џеб, како на пр. – „еспресото” од 95 евроценти.