Поранешниот прв човек на Обвинителството за Организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 денеска зборуваше за познатите случаи со Мијалов, за Кичеец, за тоа дали добивала закани и со кој е блиска, но и објасни што всушност значи организиран криминал.
– Според нашиот закон обвинителите не бараат висина на казна. Ние можеме да побараме само да предложиме условна осуда, а може и тоа не, или да се ослободат од гонење. Ние висината од казната не можеме да ја бараме од судот. Нас како обвинители прва задача ни е да биде осудителна пресудата, а сите ние кажуваме судот да ги цени како олеснителните така и другите околности, рече Русковска.
Запрашана за случајот Империја, процес кој се води за финансиска злоупотреба, дали не требало да се поведе постапка за потеклото на парите кои Мијалков ги даде, Русковска рече дека баш и по тој основ му се земени парите.
– Висината на казната обвинителот, зборувам општо, се договара со адвокатот и со обвинетитот, но крајниот збор го има јавниот обвинител на Македонија. Ние бараме согласност од Јавниот обвинител дали да се потпише таа спогодба, ако не даде тоаш не можеме да ја потпишеме. Ако даде согласност, тогаш обвинителот и обвинетиот одат кај судија на претходна постапка. Тука обавезно мора да има и вештачење. Ние пример за предметот Империја имавме вештачење од тројца професори од економски и двајца провесори по трговско право од правен, рече Русковска.
Во однос на тоа што Мијалков ја промени својата адреса и сега издржува казна во Струга наместо во Шутка, таа рече дека тоа е во доменот на извршување санкции затоа што обвинителската работа завршува до пресудата.
Таа истакна дека била дел од работната група за Законот за потекло до имот и стигнале до драфт верзија.
– Лично сметам дека ни е потребен затоа што ние кога е кривично дело можеме да конфискуваме, но еве се случува, јас лично сум имала предмет, фаќаме група со многу голема количина дрога преку 170 кила хероин и одиме во куќата, никој не е вработен, но дрогата сме ја фатиле пред да ја продадат. Сега како да докажеме како е направена таа куќа и така тоа е многу тешко. Се случува пример некој директор да купи стан на име на чистачката, тоа се случи со поранешниот премиер никола груевски. Едниот стан му беше на секретарката. Мислам дека овој закон не што е потребен, туку е неопходен. Ние имаме деца од 22 години што водат автомобили од сто илјади евра, рече Русковска.
Зворувајќи за пресудата на Зоран Милески Кичеец ( Кичевскиот), Русковска вели оти тој признал вина и судот му одредил казна затвор од три години. Причина за ова вели е тоа што од сите докази што биле прибрани, јасно произлезлегло дека тој е само посредникот меѓу Јордан Камчев и Бојан Јовановски.
– Нема доказ дека тој има земено пари и од тие причини казната затвор му беше три години, јас како обвинител не вложив жалба оти сметав дека е доволно. За другиот случај, со сообраќајката, лично сметам дека тоа е недозволиво за претекнување на полна линија и со смртни жртви да се добие шест месеци, рече Русковска.
Таа вели дека на улица нема закани, туку повеќе и изразуваат поддршка. На прашање на новинарот Столе Наумов, рече дека немала ни притисок од политичарите.
За 27 април, за случајот со финансиската полиција и за што друго зборуваше Русковска погледнете во емисијата: