„Тој беше Џим Кери за тоа време“ – Концерт во чест на Александар Џамбазов – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/22 7:43 PM

„Тој беше Џим Кери за тоа време“ – Концерт во чест на Александар Џамбазов

Со топли срца и полни со емоции си заминаа пристурните во Филхармонија на вчерашниот концерт посветен на маестро Џамбазов. Концерт во негова чест, „Омаж на маестро Александар Џамбазов“, кој го организираше СОКОМ во рамките на Денови на македонска музика, навистина не потсети на неговата богата музичка кариера и музика, каков што беше и тој.

Секако дел од овој настан беле и Игор Џамбазов, кој зборуваше за татко му, а не потсети и со анегдота. .

-Тој беше Џим Кери за тоа време. И не сме дојдени да го жалиме, туку да ја славиме неговата музика“, рече Игор.

Игор откри и дека добил покана и тој да запее, но одбил.

„Неме да личеше да пеев јас со Филхармонија. Во некој друг живот“, рече Игор па ја раскажа анегдотата.

-Тој многу сакаше да прави расолница. Цело Козле мирисаше кога ја преточуваше. Еден ден, заѕвони телефонот, се јави Славе Димитров за да ги проверат песните од „Златно славејче“, бидејќи имаше 19 песнички. Додека ги проверија сите, истече цела расолница од четврти спрат. Анче тогаш му рече дека тоа му е последно правење дома“, кажа Игор.

Но, секако неминовно беше да се спомене и дедо Петре.

– Дедо ми Петре, кога ќе се скараа со Џамбаз, ми велеше дека сум убав на него, а талентиран за музика на мајка ми“, рече Игор и се намсевна, па откри дека му напишал песна.

Џамбазов во неговиот опус  има и сериозни дела за симфониски и за ревиски оркестар, кои вчера ги изведоа музичарите од Филхармонија, а диригираше Џијан Емин.

Седумте танцови варијации за пијано и симфониски оркестар,а  како солист на пијано заедно со оркестарот ги изведе Елена Атанасовска-Ивановска.  Беа изведени „Реминисценција за ревиски оркестар“, „Југосаунд“,  „Балада за Шпато“ , „Марциале малигано“ , „Рапсодија за Скопје“.

Негови песни отјеаа и дел од македонските пејачи.  „Охрид и јас“ ја испеа Антониа Гиговска, „Љубов неверна“ ја пееше Александар Тарабунов, Никола Перевски- Пере ја исполни  „Само ти“, а Наде Талевска  ја отпеа- „Довидување“.

Концертот беше со хуманитарен карактер. Парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет „Баланс-Мк“.

Фото: Вангел Тануровски