Вчера во Кичевско се случувало драма меѓи крадец на дрва и шумската полиција. Од СВР Охрид потврдуваат дека приведен е кичевчанец.
-На 03.11.2022 година во ОВР Кичево лишен од слобода е Б.В.(24) од Кичево. Тој, претходно, во шумскиот појас во атарот на кичевското село Цветорача бил затекнат од патрола на Шумската полиција и шумочуварската служба, при нелегален транспорт на огревно дабово дрво што го вршел со возило – џип. Притоа, во обид да бега, Б.В. со автомобилот удрил во службеното возило на Шумската полиција а потоа нападнал претставник на Шумската полиција. Против него, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.