(Видео) Краљево како да е проколнато! Трет пат на ист датум се тресе, утрово повторно имаше земјотрес – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/22 3:48 PM

(Видео) Краљево како да е проколнато! Трет пат на ист датум се тресе, утрово повторно имаше земјотрес

Србија не памети земјотрес кој бил толку силен и страшен со татнеж кој буквално дошол од утробата на земјата и кој го уништил Краљево пред 12 години – на 3 ноември 2010 година.

Српски Курир пренесува дека утрово повторно имало земјотрес во овој град и тоа трет пат точно на ист датум.

Сликите што пристигнуваа во тоа време шокираа – ниту камен остана на камен, ниту тула на тула. Наоколу можеа да се видат урнатини, а секој од жителите на Краљево имаше своја лична, тешка приказна поврзана со таа ноќ на ужас.

Но, она што многумина не го забележаа е дека две години по ред – 2021 и 2022 година – земјотрес го погодува Краљево точно истиот ден – 3 ноември, за кој, многумина би рекле, нема никакво објаснување освен сосема чудна случајност што ги згрозува краљевчани, пишува српски Курир.