Подгответе се! Драматични промени за четири знака во ноември – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/22 10:00 PM

Подгответе се! Драматични промени за четири знака во ноември

Овој месец, поточно на 8 ноември, не очекува уште помоќна полна месечина – ќе се совпадне со затемнување на Месечината, а астролозите тврдат дека овој период е секогаш обоен со драматични промени и изненадувања.
Ова е четврто и последно затемнување оваа година, пристигнува во земниот знак – Бик, а од астролошки аспект тоа значи многу интензивна енергија, многу хаос, пресврти во блиските врски, нарушени планови, но и носи бројни лекции кои мораме да ги совладаме за да може иднината да биде подобра.
Секако, затемнувањето и полната Месечина во Бик ќе влијае на сите знаци на Зодијакот, но најмногу на Бик, Лав, Шкорпија и Водолија.
БИК
Во овој период, ќе се чувствувате неодоливо – ментално, физички и емоционално. Но, тоа што ќе ви биде многу удобно во сопствената кожа, не значи дека ќе ги избегнете бурните денови. Ве очекуваат големи промени, многу ненадејни и неочекувани, практично револуционерни. Особено е изразена можноста овие промени да се случат во делот на емоциите и партнерството.
ЛАВ

Ова затемнување најмногу ќе влијае на вашата 10-та куќа – куќата на кариерата и јавниот имиџ, што укажува на значајни промени што ве очекуваат во однос на вашата кариера и признание. Можно е да сфатите дека тоа што досега го правевте не ве води кон повисока цел или пак сте подготвени да се впуштите во поамбициозни проекти, да заземете лидерска позиција или едноставно на било кој начин да се наметнете на работа. Исто така, бидете отворени за нови деловни понуди, а можно е да ви се отворат и нови патишта за дополнителна заработка.
ШКОРПИЈА
Ќе се најдете среде обидот да ги усогласите сопствените потреби со оние на партнерот. Ќе бидете принудени на компромиси, иако можеби не сакате, за да продолжите напред во важна врска, било да е тоа љубов, пријателство или семејство.
ВОДОЛИЈА
Ова затемнување ќе ве потсети на некои незалечени рани и трауми, лоши семејни спомени… Ако веќе не сте, поработете на работи од минатото кои ве тераат да страдате и да ве повредуваат. Исто така, подгответе се за неверојатен развој кој го вклучува вашето семејство или некој близок.

Извор: espreso.co.rs