Дефинирани највисоките цени на огревното дрво, престанува да важи одлуката за замрзнатата маржа – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/22 1:07 PM

Дефинирани највисоките цени на огревното дрво, престанува да важи одлуката за замрзнатата маржа

Владата, на предлог на Министерството за економија, денеска донесе Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука, како и на пелети за огрев.

Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500 денари за метар просторен, односно до 6 429 денари за метар кубен.

Владата донесе Одлука и за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со која беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10 отсто.