Беснеел во авионот и сакал да го тепа екипажот – Уапсен насилник од Косово на аеродромот во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/22 12:42 PM

Беснеел во авионот и сакал да го тепа екипажот – Уапсен насилник од Косово на аеродромот во Скопје

На меѓународниот аеродром Скопје вчера полицијата уапсила маж од Косово, кој правел проблеми на летото Брисел-Скопје, а се обидел и да истепа член на екипажот.

Полициски службеници вчера во 12:00 часот на граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ го привеле М.Ц.(45) од Косово затоа што додека патувал во воздухоплов на релација Брисел – Скопје агресивно се однесувал и се обидел физички да нападне едно лице од екипажот, а потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.  По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.