Возач на камион во јужниот дел на Мексико се движел со голема брзина и изгубил контрола над возилото, поради што едната приколка се превртела.
За неколку минути бил опколен од околу стотина луѓе, жители на градот Табаско, кои ги искористиле моментите пред да пристигне полицијата да одземат што повеќе пиво од возилото.
На патот на југот на Мексико, помеѓу Фронтера и Вилахермоза, на 31 октомври се случи сообраќајна несреќа во која учествуваше камион кој превезувал пиво.
A truck lost control and overturned while transporting beers on a highway in the south of Mexico.
Almost a hundred people surrounded the truck and began to steal the beers minutes after the accident.
Latest world news: https://t.co/UdMHtqomwG pic.twitter.com/ok2lkUgN5L
— Sky News (@SkyNews) November 2, 2022
Според очевидци, возачот возел пребрзо, поради што изгубил контрола над возилото. Едната приколка се превртела, а другата се навалила. За само неколку минути, толпа луѓе се упатиле кон местото на несреќата, ја отвориле вратата од приколката и почнале да крадат пиво од неа.
Видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека возилото за неколку минути било опколено од стотици луѓе. Неколку од нив се качиле во камионот и им дадоа чаши пиво на оние што чекале надвор. Алкохолот бил однесен пеш, со мотори, автомобили и такси.
#Video 📹🔴
La volcadura de un camión que transportaba cerveza termina en rapiña; sucedió en una carretera de #Villahermosa, #Tabasco pic.twitter.com/vANbyA6qXg
— Adela Micha (@Adela_Micha) October 31, 2022
Полицијата пристигнала на местото на настанот кога било предоцна, бидејќи сообраќајот на патот бил запрен повеќе од еден час, објави Инфобае.
Во несреќата возачот и сопатникот не се повредени, а според очевидци не се обиделе да ја спречат кражбата, туку мирно ја чекале полицијата и гледале како луѓето им го земаат товарот.
Инцидентот предизвика дебата на социјалните мрежи – додека некои истакнаа дека секоја компанија го осигурала товарот и затоа не претрпела загуба, други предупредија дека таквата кражба сепак е кривично дело што треба да се гони.
Извор: курир.рс
Фото: Твитер видео