Мис Порторико се омажи за Мис Аргентина, а со својата објава на Инстаграм го шокираа светот бидејќи никој не очекуваше дека Маријана Варела и Фабиола Валентин се во врска.
Среќната вест за прв пат на Инстаграм ја сподели Маријана, која нивната венчавка ја опиша како „посебен ден“.
View this post on Instagram
Девојките се венчале на 28 октомври, а среќната вест ја сподели и Фабиола на својот профил.
Мисиците се запознале на меѓународен натпревар за убавина во 2020 година и ја чувале нивната врска строго во тајност со години.
View this post on Instagram
„Откако решивме да ја задржиме нашата врска приватна, сепак решивме да ја „отвориме вратата“ кога е во прашање нашиот посебен ден“, напиша Фабиола во објавата на Инстаграм.
Честитки пристигнуваат од сите страни, најмногу од другарките на мисиците кои ги запознале и двете за време на изборот за убавина.