Ја оставил сопругата за нејзината најдобра пријателка: Како се роди љубовта на Стинг и Труди Стајлер? – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/22 7:00 PM

Ја оставил сопругата за нејзината најдобра пријателка: Како се роди љубовта на Стинг и Труди Стајлер?

Пејачот Гордон Метју Томас Самнер или попознат како Стинг, некогаш беше фронтмен на групата The Police, а потоа успешно изгради и соло кариера. Освен тоа, тој е одгледувач на маслинки и производител на маслиново вино, а во сите животни предизвици покрај него е и неговата сопруга Труди Стајлер.

Тие се во брак од 1992-та година, а заедно имаат и четири деца. Таа од Стинг е помлада две години, а кога пејачот се заљубил во неа бил оженет со нејзината најдобра пријателка – пишува Story.hr.

Имено, Стинг пред Труди беше во брак со актерката Франс Томлети од 1976 до 1984, а заедно добија две деца. Стинг и Труди се запознале токму преку Франс, која била пријателка со Труди. Тие две заедно оделе на кафе и на шопинг, а семејствата живееле блиску едно до друго. Така Стинг и неговата сопруга се познавале со години пред да се роди љубовниот пламен меѓу нив.

„Ниту еден од нас не е горд на ситуацијата која еднставно се случи. Се сакавме, се венчавме и добивме уште деца, тоа е нашата приказна“, изјавила Труди.

Но, иако работите се чинат едноставни, сепак било малку комплицирано. Во моментот кога почнал афера со Труди, неговата тогашна сопруга само што го имала родено нивното второ дете, а сопругот ја изневерувал со нејзината најдобра пријателка.

Во меѓувреме, јавноста дозна за ваквата аферапа во 1982-та, труди веќе беше бремена со нивното прво дете, а Стинг тргна на светска турнеја, на која му се придружи и таа. Истата година се роди нивната ќерка, по што Стинг и службено се разведе од Францис.

Стинг и Труди го кажаа судбоносното „да“ дури по десет години врска. Тие се во брак веќе 30 години и секојдневн докажуваат дека нивната љубов не била само афера.

 

Извор: stil.kurir.rs

Фото: принтскрин Јутјуб