ДИК: Гласале 666.743 граѓани, 91,46 отсто „за”, а 5,65 „против” – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/18 12:26 PM

ДИК: Гласале 666.743 граѓани, 91,46 отсто „за”, а 5,65 „против”

На вчерашниот референдум гласале 666.743 граѓани или 36,91 од вкупно запишаните 1.806.336 во Избирачкиот список –  соопшти денеска ДИК по обработени 100 отсто од избирачките места.

На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 91,46 проценти, или 609.813 граѓани, а „против“ се изјасниле 5,65 отсто или 37.700. Неважечки се 19.221 ливчиња или 2,89 проценти.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски рече дека согласно утврдените резултати, одлуката не е усвоена зашто не гласале повеќе од половината граѓани запишани во Избирачкиот список. Извештајот од ДИК  ќе биде објавен во Службен весник во рок од 15 дена, а ќе биде доставен до Собранието и објавен на веб страната на Комисијата.