– Предлогот на премиерката на Италија, Џорџа Мелони, да го назначи Галеацо Бигнами за државен секретар наиде на остри реакции кај италијанската јавност, откако во медиумите беа објавени постари фотографии на десничарскиот политичар како носи лента со кукаст крст на раката.
Бигнами, инаку сопартиец на Мелони од популистичката партија „Браќата на Италија“, е фотографиран облечен во црна кошула, со црвена лента на левата рака на која е исцртан нацистичкиот симбол.
El nuevo número dos del Ministerio de Infraestructura de Italia del gobierno de Meloni, Galeazzo Bignami, luciendo un brazalete con una esvástica. pic.twitter.com/PBPbnZe3Hu
— Miquel Ramos (@Miquel_R) November 1, 2022
Според денеска објавените написи во италијанските медиуми, фотографијата е снимена на ергенска забава во 2005 година.
Мелони вчера го номинираше 47-годишниот Бигнами за државен секретар и заменик-министер во Министерството за инфраструктура предводено од Матео Салвини. Церемонијата на положување свечена заклетва е предвидена за утре.
Voici Galeazzo Bignami, le nouveau ministre nazi en charge des Infrastructures du gouvernement de la fasciste Giorgia Meloni.
L’Italie va pouvoir renouer avec son style architectural des années 20 et 30 😬 https://t.co/hU5dspOiTi pic.twitter.com/wFaqjGAfQg— Stéphane Burlot (@Stef_Burlot) November 1, 2022
Според извештаите на медиумите, компромитирачката фотографија на Бигнами за прв пат била објавена во јавноста во 2016 година.
Бигнами вчера изјави дека се срами од фотографиите, но истовремено оцени дека е апсурдно повторно да се објавуваат негови лични фотографии од пред две децении, за кои веќе се извинувал во неколку наврати.
Galeazzo Bignami, nuevo secretario de Estado de Infraestructuras en el Gobierno italiano. Pero Meloni no es fascista, no. pic.twitter.com/xHlki6DWDY
— Idafe Martín Pérez (@IdafeMartin) October 31, 2022
Поранешниот градоначалник на Неапол, Луиџи де Магистрис, фотографијата ја нарече „одвратна“. Бројни критики беа објавени преку твитер против назначувањето на Бигнами на функцијата државен секретар.
МИА
Фото: Принтскрин Јутјуб