Комерцијален текст
Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија ја формира фондацијата за образовна и хуманитарна општествена дејност ЕДУКАТА. Целта на оваа фондација ќе биде стипендирање на студиите на талентирани млади луѓе од ранливи општествени групи
Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија постојано придонесува за унапредување на општеството. Активно се залагаме за унапредување на спортот, преку поддршка на спортисти и спортски клубови, донации за реконструкција на детски спортски игралишта во Свети Николе, Битола, Гевгелија, Липково. Наш нов фокус за општествена одговорност, ќе бидат студентите од ранливи семејства. Од овие причини ја формираме фондацијата за образовна и хуманитарна општествена дејност ЕДУКАТА. Со фондацијата Едуката, фокусот ќе биде ставен на надарените лица-ученици и студенти кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, кои немаат финансиски можности, а имаат амбиција за образување. Нашата цел е овие млади луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење и вештини, со што ќе се овозможи во иднина тие да бидат носители на развојот на општеството.
„Видеолотарија Касинос Австрија континуирано ја покажува својата посветеност и општествен придонес. Со својата последна активност, стипендирање на студенти од ранливи категории преку фондацијата Едуката, сакаме да придонесеме тие да ги развијат своите вештини и знаење во поглед на формирањето на нивниот професионален пат во кој образованието е исклучително важно“.
Директорот на фондацијата Едуката, Оливер Арсовски најави дека фондацијата ќе го следи целокупниот факултетски развој на избраните студенти, се’ до нивното завршување, доколку бидат исполнети критериумите за добивање стипендија. Секој избран студент ќе добие стипендија во нето месечен износ од 18.000 денари за десет месеци во текот на студиската година.
Првично ќе може да конкурираат студенти на факултетите при УКИМ во Скопје, а веќе од почетокот на следната година, ќе бидат вклучени и останатите државни универзитети во Штип- Гоце Делчев, Битола- Св. Климент Охридски и Тетово- Државен Универзитет Тетово.
Ректорот на УКИМ, проф. Д-р Никола Јанкуловски се заблагодари на иницијативата на фондацијата Едуката. Тој откри дека е задоволен што најдобрите од ранливите семејства, ќе може да студираат на одбраните факултетите при УКИМ.
Конкурсот за пријавување на студенти, заедно со сите информации и потребни документи согласно критериумите, е достапен на официјалната страна на фондацијата Едуката: educata.mk.
Овој конкурс се однесува на доделување на 12 стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети при УКИМ во Скопје, запишани за прв пат на студиската 2022/2023 година. Во оваа група, ќе бидат доделени стипендии за образование за лицата кои ги исполнуваат условите од конкурсот и тоа:
-3 стипендии на студиите на машински факултет
-3 стипендии на студиите на ФИНКИ
-3 стипендии на студиите по Правен факултет
-3 стипендии на природно математичкиот факултет
Сите информации и потребната документација поврзана со овој конкурс ќе може да се најдат на официјалната страна на фондацијата Едуката: educata.mk