Со журка за паметење естрадниот магазин „Бекстејџ“, сношти го прослави 15. роденден.
Како и до сега на прославите на „Бекстејџ“ пред да започне славењето се доделија награди во повеќе категории.
За најдобра водителка беше прогласена Лила Филиповска, која изминатиов период се бореше со здравствени проблеми, па оттаму од сцената порача:
– Оваа награда за посветувам на храбрите како „Бекстејџ“. Поминав низ многу бури, особено изминатава година, еден лош период е зад мене, рече Лила и додаде:
– Образувајте се, учете, за да можете да ја работите работата што ја сакате, порача Лила.
ДНК ја добија наградата за група на годината и го испејаа мега хотот „Ако утре ме нема“, а на видео бимот зад нив се менуваа слики од познати уметници кои не’ напуштија, како што е Влатко Илиевски, првиот водител на „Бекстејџ“.
Награда зема Перо Антиќ, кој се појави со синовите, Кире Лазаров, Горан Пандев испрати видео порака, а гости имаше и ѕвезди од регионов, како Халид Бешлиќ и Жељко Самарџиќ.
Тамара Тодевска зема награда за пејачка на годината, Лозано доби награда за пејач на годината „Суперхикс“, Пере од „Нокаут“, „Два бона“, Таско и други.
Во чест, пак, на легендата Гоце Николовски, Наум Петерски, Елена Велевска, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски, ја испејаа песната „Бисер Балкански“.
Роденденската журка продолжи до доцна во ноќта со желби за многу успех.
Погледнете ја атмосферата низ галеријата на Вангел Тануровски: