(Видео) Убивале по случаен избор – Крвава ноќ на вештерките во Чикаго – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/22 9:28 AM

(Видео) Убивале по случаен избор – Крвава ноќ на вештерките во Чикаго

Најмалку 14 лица се повредени во масовно пукање во Чикаго за време на прославата на Ноќта на вештерките, пишува Фокс Њуз.
Од полицијата на прес-конференцијата потврдија дека имало масовно пукање, а меѓу повредените има и три деца, на возраст од најмалку три години. Останатите повредени, според полицијата, се полнолетни.
Началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун, за американските медиуми рече дека камерите снимиле најмалку еден автомобил и дека се верува дека двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз толпата која стоела на раскрсницата поради бдеење.

Нападот траел само неколку секунди, а пукачите по случаен избор пукале во толпата, рече Браун, додавајќи дека засега никој не е уапсен, а мотивот за нападот се уште е нејасен.

Настраданите се пренесени во неколку болници, засега нема информации за смртниот исход. Браун рече дека некои луѓе се во критична состојба.