Инстаграм повторно има проблеми со својата работа, а многу корисници известуваат дека нивните налози на овој сервис се суспендирани.
Според извештаите од веб-страницата DownDetector, проблемите почнале нешто по 14 часот по наше време и наводно ги погодуваат корисниците на Инстаграм ширум светот.
Засега не е позната причината за падот на социјалната мрежа, а некои корисници известуваат дека нивните онлајн налози се суспендирани.
извор-b92.net