„Расплакана шминката“ е нов тренд кој ги зафати социјалните мрежи. Што е убаво во расплаканото лице и зошто би сакале ваков изглед?
Убавината на тажна девојка отсекогаш го фасцинирала светот, а доказ за тоа има и во секој вид на уметност.. Заборавете на Офелија – да ги погледнеме иконите како Мерлин Монро и Лора Палмер. Лана Дел Реј го направи хитот „Pretty while Crying“… Расплаканите девојки денес се наоѓаат насекаде низ местото каде што денес се шири поп-културата – ТикТок!
Како расплаканата девојка стана тренд на шминкање?
Едноставно: по плачењето, очите ви се влажни и сјајни, усните се отечени и затоа поубави и потемни, а вашата кожа блеска поради моќните хормони што сте ги испуштиле. Можеби навистина не изгледате баш убаво со црвено лице и подуени очи, но ако ги потенцирате само овие три елементи од плачењето и ги поставите како цел за време на шминкањето – резултатот е одличен!
Шминка за плачење: чекор по чекор
Усни
Првиот трик е да постигнете надуен изглед на долната усна. Прво, треба да нанесете крем за усни, а потоа неутрален молив за усни. Линиите мора да останат заматени, па со полнење на површината се постигнува контурата. За конечен сјаен и влажен изглед, само додадете масло или сјај за усни.
Руменило
Крем руменилото се нанесува над очите, под очите, на образите и над носот. Овој тип на шминка целосно се потпира на монохроматски изглед. Важно е да изберете руменило во природна нијанса, па почнете со нијанси на розова боја.
Очи
Сјајот во очите ќе го постигнеме со малку течен сјај на долната линија на трепките. Виткањето на трепките е задолжително, но само со тенок и речиси невидлив слој маскара.
ивор-lepotaizdravlje.rs