Полициски службеници, кучиња трагачи и хеликоптерска единица продолжуваат со потрага по повозрасен гостиварец кој вчера исчезнал на Шар Планина во атарот на селото Пожаране (гостиварско).
Според СВР Тетово, денеска од 7 часот утрото се пребарува поширокото подрачје на гостиварското село Пожаране. По К.Ј.(80) се трагало вчера до ноќните часови.
„ Во активностите за пронаоѓање на К.Ј., покрај полициски службеници на СВР Тетово, вклучени се и екипи од МВР со кучиња трагачи, како и хеликоптер, велат од СВР Тетово.
Според првичните информации на МИА, повозрасниот гостиварец вчера во претпладневните часови заедно со неговиот син на падините на Шар Планина собирале шумски плодови. Откако изгубил контакт со таткото, синот Е.Ј.(59) од Гостивар пријавил дека К.Ј.(80) го немало на местото на кое претходно го оставил, по што била поведена потрага.
Од СВР Тетово информираат дека до 11 часот, лицето не беше пронајдено и во тек се мерки за пронаоѓање на лицето.
миа