(Видео) „Видов како се обидуваат да ме оживеат, а го видов и пеколот и рајот“ – Американка тврди дека 11 минути била мртва – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/22 8:00 PM

(Видео) „Видов како се обидуваат да ме оживеат, а го видов и пеколот и рајот“ – Американка тврди дека 11 минути била мртва

Шарлот Холмс била клинички мртва цели 11 минути и детално го опишала своето искуство од животот после смртта и се што видела.

Луѓето кои доживеале клиничка смрт имале различни искуства и сосема поинаку ја опишале оваа состојба. Некому „се појавија“ најблиските луѓе, некои слушале како саканите им се обраќаат и ги канат да се вратат во живот, некои не виделе ништо, но искуството на Шарлот Холмс е сосема поинакво и неверојатно. Оваа Американка доживеала мозочен удар, а по три дена и се исклучил целиот „систем“. Нејзиното срце престана да чука и таа практично „умрела“. Лекарите се обидувале да ја оживеат 11 минути, а тоа време, односно клиничката смрт, таа го опишала вака:

„Бев над моето тело. Можев да видам како ми го масираат срцето, обидувајќи се да ме оживеат. Ги видов сите – мојот сопруг и медицинските сестри кои беа околу мене. И тогаш слушнав музика. Кога ги отворив очите, знаев каде сум. Знаев дека сум во рајот“, вели таа во видеото објавено на каналот „The 700 Club“.

Според неа, „местото“ во кое се нашла било убаво, а слушнала и ангели како пеат прекрасни песни. Како и многу други кои имале слично искуство, Шарлот видела најблиски кои умреле многу години пред тоа, нејзините родители. Со нив бил и роднина на која му била ампутирана ногата, а во оваа „визија“ стоел на златната врата, со двете здрави нозе. Имаше и едно момче кое не можеше да го препознае. И тогаш Бог ѝ се обратил и рекол дека тоа е бебето што таа и нејзиниот сопруг го изгубиле пред 40 години.

„Ја погледнав убавината околу мене. Можев да ги видам дрвјата, можев да ја видам тревата. И сè се нишаше на музиката, бидејќи сè на небото му се поклонуваше на Бога. Не можам да ви кажам како изгледаше рајот, бидејќи е многу подалеку од тоа што можевме да замислиме, милион пати погоре. Тука е и најубавиот, прекрасен мирис, нешто што никогаш порано не сум го помирисала“, го опиша своето искуство Шарлот и продолжи:

„Има толку многу убавини што не може да се опишат со зборови. Небото што го замислував не беше баш така – беше многу поубаво“.

Поглед на пеколот

Покрај рајот и убавите работи, таа го видела и пеколот, како и луѓето кои биле во него. Глетката многу ја изненадила, со оглед на тоа што верувала дека луѓето што ги видела таму се всушност добри.

„Реков „ова не е можно“, а Исус ми рече „тоа е, ако не го промениш начинот на живеење, засекогаш“. Слушнав дека татко ми вели: „Имаш време да се вратиш и да го споделиш ова со сите“, го раскажа своето искуство Шарлот и додаде дека длабоко верува дека ние сме во некаква духовна војна, борба да ги зачуваме вистинските вредности, добрината, чистотата на душата и да се спротивставиме на сето зло што не опкружува, за по смртта да го добиеме местото што го заслужуваме.

Ова е нејзината изјава

извор-mondo.rs

Фото: Принтскрин Јутјуб