(Видео) Осум брутални експлозии во Киев – Прва снимка по утринското гранатирање – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/22 9:46 AM

(Видео) Осум брутални експлозии во Киев – Прва снимка по утринското гранатирање

Рохит Кахро, уредник на британската телевизија ИТВ, ја објави снимката создадена по рускиот ракетен напад утринава врз Киев.

Снимката е направена во центарот на градот, откако екипа на ИТВ слушнала осум силни експлозии и покажува облак чад што се издига над градот.


Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека струјата и водата се прекинати во делови од градот по рускиот ракетен истрел.

Утрово беа пријавени ракетни напади низ Украина, вклучително и главниот град Киев, неколку дена откако Русија ја обвини Украина за напад со беспилотни летала врз нејзината флота Црн Моск во анектираниот Крим.
Во Киев се регистрирани неколку експлозии. Еден жител изјави за Би-Би-Си дека неговата област сега е без струја. Во североисточниот град Харков погодени се критични инфраструктурни објекти, соопштија локалните власти.