Зошто мажите изневеруваат? Проверете ги причините – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/22 11:00 PM

Зошто мажите изневеруваат? Проверете ги причините

Дури 88 отсто од мажите одлучуваат да имаат афера кога нивните партнерки одбегнуваат односи.

Сајтот за запознавање „Викторија Милан“ се зафати со темата – Зошто мажи почесто изневеруваат? Анкетирале 8210 од нив од целиот свет.

Сакале да откријат кои иритирачки работи кај партнерката ги мотивираат да бараат утеха во прегратките на љубовниците.

Ова се најчестите причини:

Често го менуваат расположението

Сите ние понекогаш сме во лошо расположение, но имаме тенденција да го криеме тоа од луѓето со кои не се чувствуваме пријатно кога сме во близина. На почетокот на врската, повеќето луѓе се трудат да останат позитивни и среќни бидејќи е полесно да се привлече и задржи партнерот. Меѓутоа, кога врската ќе стане посериозна и постојана, тогаш се олабавува сопирачката и понекогаш доаѓа до ерупција на лошо расположение. Според истражувањето, дури 97 отсто од мажите изјавиле дека ваквото однесување кај жените најмногу ги нервира.

Тие се љубоморни

Дури 96 отсто од мажите во истражувањето изјавиле дека ваквото однесување воопшто не им се допаѓа. Затоа, можно е нивните партнерки да имаат вродени проблеми со љубомората, а тоа е она што ги води во прегратките на други.

Тие им кажуваат на своите пријатели за нивната интимност

Ова однесување иритира 93 отсто од мажите. Колку подолго сте заедно, толку е поголема веројатноста да имате заедничка група пријатели. Но, тоа може да биде непријатно.

Лесно се иритираат

Тоа е она што ги наведува мажите на прељуба, бидејќи кога се со љубовниците, нема таква напнатост, па попријатно им е така да го поминуваат времето. 90 отсто од нив изјавиле дека тоа многу им пречи.

извор-alo.rs