Ја нарекуваат „љубовна дрога“, а одлично оди со сите салати – Зошто руколата се користи како афродизијак? – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/22 6:00 PM

Ја нарекуваат „љубовна дрога“, а одлично оди со сите салати – Зошто руколата се користи како афродизијак?

Руколата е моќен афродизијак, а другото име е „љубовна дрога“.

Позитивно делува на либидото, ја зајакнува потенцијата и помага во синтезата на половите хормони.
Старите Римјани и Египќани го знаеле ова и многу уживале во овој афродизијак.

Руколата содржи високо ниво на фолна киселина и антиоксиданси како што се витамин Ц, К и А, па затоа успешно се бори со слободните радикали.
Полна е со каротеноиди, како и многу други минерали, како што се калиум, манган, железо и калциум, кои се корисни и неопходни елементи во исхраната на човекот.

Руколата содржи фитохемикалии кои се корисни за спречување на рак.

Исто така, има повеќе предности од некои други билки бидејќи, за разлика од нив, содржи ниско ниво на оксалати, односно хемикалии кои всушност ја спречуваат апсорпцијата на минералите во телото.

Затоа, руколата е нискокалорична храна богата со хранливи материи, се вели во профилот на Инстаграм посветен на здрав живот.

Извор: Информер.рс