Бројот на загинати лица при уривањето на мостот во Гуџарат во Индија се зголеми на 132, соопшти локален функционер, јавија дел од британските медиуми.
Пешачкиот мост на реката Мачу во градот Морби беше полн со посетители кога се урна во текот на вчерашниот ден. Над 400 луѓе беа на и околу мостот за време на несреќата.
BREAKING: Bridge with hundreds of people collapses into river in western India pic.twitter.com/eRRIk0aMsS
— BNO News (@BNONews) October 30, 2022
Персоналот на вооружените сили заедно со националните тимови за справување со катастрофи и итни случаи од блиските области, се во потрага по исчезнати лица и помагаат во операциите за спасување.
Мостот долг 230 метри е изграден за време на британското владеење во 19-ти век. Поради реновирање, тој беше затворен шест месеци, а неодамна повторно се отвори за јавноста.
МИА
Фото: Принтскрин Твитер