Познатата пејачка Гоца Тржан проговори за траумата од раната младост кога нејзиниот најдобар пријател ја злоупотребил нејзината доверба и се обидел сексуално да ја нападне.
Пејачката имала само 18 години кога била малтретирана, но успеала да се одбрани.
– Доживеав непријатност како девојче, како и многу жени, но мислам дека стануваат свесни за тоа дури кога ќе пораснат. Повеќето жени доживеале некаков вид на сексуална злоупотреба во својот живот. И јас сум – изјави пејачката во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, која се емитува на телевизија Блиц.
Гоца потоа за Информер објаснила што точно и се случило.
– Со мојот пријател бевме многу блиски, имав безгранична доверба во него, а тој го искористи тоа. Не ни сонував дека некогаш ќе се обиде да ми наштети, а сакаше да ме натера на секс. Сакав само да го заборавам тој пекол, па молчев. Не го пријавив затоа што се плашев од осуда на околината: „Што правеше сама со него? Мислам дека и денеска жртвите молчат од истата причина – изјавила пејачката.
Гоца ги советува сите жени внимателно да избираат пријатели и партнери:
– Девојките треба да ги научиме да бидат опкружени со мажи на кои во секое време ќе можат да им кажат „не“ и да бидат сигурни дека некој ќе ги слуша. Кога влегуваат во врска треба да внимаваат како дечкото се однесува со луѓето во неговата околина, сообраќајот… Доколку има некакви индикации за насилничко однесување со него, тоа значи дека тоа однесување нема да ве заобиколи ниту вас.
Објавено на: 10/31/22 8:28 AM