Низ тетовските улици и тротоари во последно време можат да се забележат кучиња со Шуга и Лајшманиоза, заразни болести кои на многу едноставен начин можат да се пренесат на луѓето. Засега општинсктие власти немаат решение за проблемот.
Граѓаните стравуваат дека можат да бидат заразени, затоа што болните кучиња слободно си се шетаат под градските улици и тротоари каде ги напаѓаат граѓаните.
Ветеринарите велат дека болестите можат да се излечат, но општината мора најпрвин да ги згрижат бездомните животни.
Меѓу бројните ветувања на локалните власти дека ќе се реши проблемот со кучињата скитници, е и најавата за основање на регионален центар за третман на кучиња скитници на ниво на полошкиот регион. На последната седницата на Центарот за развој на полошкиот плански регион градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која воедно е и претседател на Центарот за развој на полошкиот плански регион истакнала дека ќе бидат преземени конкретни чекори и ќе се обезбеди финансиска и техничка поддршка од страна на меѓународната организација УНДП, каде ќе биде изработена техничка документација за основање на Регионалниот центар за третман на кучињата скитници, како и обезбедување на модерно возило за фаќање на кучињата скитници.
Зоран Димовски