Иако многумина не веруваат дека дамките од кафе можат да бидат толку тврдоглави, слични на дамките од црвено вино и дамките од кафе понекогаш тешко може да се отстранат.
За среќа, постојат неколку трикови за едноставно решение и за овие тврдоглави дамки.
1. Може да пробате со ладно млеко. Потопете го извалканиот дел и оставете го да отстои некое време, а потоа измијте го во вода со сапуница.
2. Дамката може да се премачка со смеса направена од една жолчка од јајце и глицерин. Исчистете го валканото место со четка и исплакнете со млака вода.
3. Додека сè е уште влажно, исплакнете ја површината со минерална газирана вода и дамката ќе исчезне. Дамката е најдобро да се отстрани ако веднаш дејствувате.
4. Детергентот за миење садови измешан со малку вода и сол е ефикасен и за отстранување на дамките од кафе. Смесата треба да се нанесе на дамката со четка додека не избледи.
5. Многу ефикасна е и мешавината од оцет и алкохол во еднакви количини. Намачкајте ја смесата на извалканото место, оставете да отстои малку, а потоа исплакнете со ладна вода.
6. За тврдоглави дамки на бела нечувствителна ткаенина, користете средство за чистење разредено со вода.
7. Извалканата бела памучна ткаенина може да се изврие и на старомоден начин. Ставете крпа во тенџерето и истурете малку детергент за перење. Откако ќе зоврие, оставете да се вари 15 до 20 минути. Почекајте водата да се излади, а потоа повторно исперете ја ткаенината и исплакнете со чиста вода.
извор-stil.kurir.rs