Прашањето за милион долари во австралскиот „Милионер“ отворено по осми пат – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/18 10:23 AM

Прашањето за милион долари во австралскиот „Милионер“ отворено по осми пат

Шеесет и едногодишниот, Крег Андерсон од Мелбурн го отвори прашањето за милион долари во австралската врзија на квизот „Кој сака да биде милионер?“, наречена „Милионерското жешко столче“.

Прашањето за милион австралиски долари гласеше: Колку есенцијални витамини содржи она што е познато како Б-комплекс група?

Андерсон е осмиот што на австралискиот квиз го отворил милионското прашање, а дали ќе одговори точно, гледачите на тамошниот Канал 9 ќе дознаат во наредната епизода денеска.