„The Nun“ продолжува да доминира на светскиот бокс-офис – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/18 10:08 AM

„The Nun“ продолжува да доминира на светскиот бокс-офис

Петтото продолжение на „Conjuring“, хоророт „The Nun“ продолжува да доминира на светскиот бокс-офис, со заработка од 16 милиони долари, односно со глобална заработка од 330 милиони долари.

Филмот оствари приход од 2.3 милиони долари во Франција, во Русија со 1.7 милиони долари и Италија со 1.4 милиони долари.

На второ место е „Johnny English Strikes Again“ со интернационална заработка од 14.2 милиони долари.

На третото место е „Smallfoot“ со 14 милиони долари. На четвртото место е „Incredibles 2“ со заработка од 11.9 милиони долари.Меѓу првите пет е „The House With a Clock in Its Walls“, со заработка од 9.4 милиони долари, односно 65.8 милиони долари на меѓународно ниво.