Од 2035 година ќе биде прекината продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/22 12:05 PM

Од 2035 година ќе биде прекината продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување

Преговарачите на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент синоќа постигнаа договор за закон со кој се предвидува крај на продажбата на нови возила со мотор со внатрешно согорување од 2035 година.

„Овој договор го отвора патот за модерна и конкурентна автомобилска индустрија во Европската унија. Светот се менува и ние мора да останеме лидери во иновациите“, изјави чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела.

Чешкото претседателство преговараше во име на 27 земји-членки со претставници на Европскиот парламент.

Постигнат е договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид од новите автомобили за 55 отсто до 2030 година.

Овој договор е дел од пакетот „Подготвени за 55 проценти“, во кој ЕУ ја истакна целта за намалување на нето емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти до 2030 година.

извор-radiosarajevo.ba