Да не и замеруваме на Фон дер Лајен за лапсусот „северномакедонци“, вели Османи – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/22 11:39 AM

Да не и замеруваме на Фон дер Лајен за лапсусот „северномакедонци“, вели Османи

Треба да бидеме коректни и да нема реакција на изјавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен која нè нарече „северномакедонци“, смета министерот за надворешни работа Бујар Османи, одговори на новинарско прашање. Според него, таа била коректна за време на целата прес-конференција што ја одржа во Скопје во однос на јазикот и другите идентитетски атрибути.

„ Да има такви прес-конференции по однос на тоа што нас ни е важно, во однос на тоа дека јазикот станува еден од службените јазици, дека припаѓаме таму и да направи еден лапсус од тоа да создадете анимозитет кон тој интерес што го покажува, а не знам дали ќе го имаме постојано, истакна Османи на денешниот брифинг со медиумите.

Вели дека европските прашања се од голема важност и не смее да се дозволи поради наши меѓусебни динамики да бидат злоупотребени.