„Веќе не верува во брак“ – Дејвид Гета по седум години ѝ раскина на девојката, помлада од него 24 години – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/22 9:56 AM

„Веќе не верува во брак“ – Дејвид Гета по седум години ѝ раскина на девојката, помлада од него 24 години

Дејвид Гета раскина со својата девојка Џесика Ледон со која беше речиси седум години.

Изворот вели дека диџејот раскинал со актерката бидејќи имале различни распореди, обврски и патувања, што довело до нивно отуѓување.

Двојката почна да се забавува во 2015 година, а интересно е што разликата во годините меѓу нив е 24 години.

Се шпекулираше дека Дејвид ги оставил сопругата и децата, го запоставил бракот од 22 години заради Џесика. Откако стапил во врска со оваа атрактивна црнка, Гета значително се подмладил – почнал да вежба и да се облекува на модерен и стилски начин.

Но, изгледа толку се плашел од брак што минатата година на својата девојка и подарил обврзувачки прстен наместо веренички и сето тоа под слоганот дека „веќе не верува во брак“.

Се чини дека парот раскина оваа пролет бидејќи Дејвид цело лето беше на Ибица, додека Џесика живееше во САД.

„Иако мислеа дека се создадени еден за друг, се покажа дека не е вистина“, рекол извор близок на парот.

Дека Џесика е таа која најмногу страда, откри нејзината изјава на Инстаграм каде што рече „Влегувам во нова ера без извинување и со многу убедување“.

 

Извор: Курир.рс