Нови закани за бомби во осум скопски училишта – Нарачателите не го послушаа апелот на министерот – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/22 2:59 PM

Нови закани за бомби во осум скопски училишта – Нарачателите не го послушаа апелот на министерот

„Никој не смее да си игра со судбините на децата и на сите нас, најстоги казни за лажните дојави за бомби“, рече утрово министерот Оливер Спасовски.

Но,  очигледно дека тоа не ги исплаши  нарачателите, па денес стасаат нови мејлови во скопските средни училишта.

Осум училишта и денеска добија дојави за поставени бомби.

-Околу 14 часот денеска во СВР – Скопје е пријавено дека на мејл адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба, информираат од МВР..

Веднаш по добиената пријава, нагласуваат од МВР, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Дојави за поставени бомби вчера беа упатени преку мејл до осум средни скопски училишта, а по акцијата на полицијата, беше утврдено дека се лажни.

– Проверени се осумте училишта на чии мејлови беа упатени закани за наводно поставени бомби и утврдено е дека пријавите се лажни, информираа вчера од МВР за МИА.

Спасовски рече дека истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осумте скопски средни училишта е тек.

– Ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие мејлови и најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој додаде дека без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата и на сите нас. -Ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Северна Македонија, порача министерот Спасовски утрово во интервју на Националната телевизија.