Наставник од село Броштица заработи кривична пријава, физички нападнал ученик – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/22 1:28 PM

Наставник од село Броштица заработи кривична пријава, физички нападнал ученик

Кривична пријава заработи наставник од село Броштица, општина Центар Жупа, затоа што физички нападнал ученик.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „малтретирање во вршење на службата“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.М.(62) од селото Броштица, општина Центар Жупа, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Имено С.М. на 17 месецов во 8:50 часот, во просториите на подрачното основно училиште каде бил наставник, физички нападнал ученик, го застрашувал и навредувал.

Подрачното училиште во село Броштица работи во рамки на Општинското основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ – Центар Жупа, а настава следат ученици од прво до деветто одделение.

миа