Трагедија! Татко си прегазил ќерка, додека го паркирал автомобилот – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/22 12:51 PM

Трагедија! Татко си прегазил ќерка, додека го паркирал автомобилот

МВР информира за невообичаена сообраќајка во кавадаречко.

-На 26.10.2022 во 19.10 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општата болница во Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Ј.Ч.(43) од с.Куманичево. По преземени мерки, полициски службеници констатирале дека околу 16.30 часот  во двор од куќа во с.Куманичево, нејзиниот татко Ц.Ч.(67) додека го паркирал своето возило ја удрил Ј.Ч. со возилото. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, информираат од МВР..